Два перформантни купе модели со различни филозофии еден наспроти друг

Кога станува збор за овие два модели, целата сличност завршува со конфигурацијата на каросеријата. За почеток, AMG има погон на задните тркала, додека NSX на сите четири тркала. Mercedes-AMG GT R има конвенционален погонски систем, 4.0-литарски V8 biturbo, а јапонскиот модел ги користи услугите на 3.5-литарски V6, кој „соработува“ со три електрични мотори.

„Ѕверот“ од Mercedes има 585 КС и 700 Nm, додека суперавтомобилот на Hondа испорачува 581 КС и 645 Nm. На прв поглед, се чини дека моделот на AMG има предност во трката за забрзување поради поголемиот вртежен момент. Сепак, NSX има погон на сите тркала.

Двата модели имаат карбон-керамички сопирачки. GT R ​​ја користи предноста на помалата тежина, што треба да биде од суштинско значење при јако сопирање.

И Mercedes-AMG и Honda работат на „набилдани“ верзии на нивните суперспортски купе модели. Прво наведениот ја подготвува таканаречената Black Series за 2020 година, додека Јапонците имаат планови за лансирање на Type R верзија веќе следната година.