Користењето на проекциони екрани во современите автомобили зазема малку простор од стаклото пред возачот или користи мало огледало во внатрешноста во салонот. Во двата случаи, просторот е многу мал, но тоа наскоро ќе се промени со технологијата што се користи во цивилното и военото воздухопловство

Пионер во развојот на слични системи за дополнителна реалност, во чија основа се холографски слики е калифорниската компанија DigiLens. Од 2016 година, германскиот концерн Continental, кој поседува 18% од акциите, има инвестирано сериозни средства во неа. Производителот на различни автомобилски компоненти верува дека ваквата технологија веќе е подготвена за масовна употреба и е подготвена да ја понуди на различни автомобилски компании.

Во последните десетина години цената и големината на технологијата е намалена за 10 пати, а DigiLens е првата компанија која може да го користи системот на криви површини, односно таа станува погодна за предните стакла на автомобилите. Тоа значи дека возачот не мора да го префрла погледот кон контролите, туку сите потребни информации ги добива пред неговите очи.

Засега од Continental не објавуваат колку ќе чини системот и прецизираат дека тоа зависи најмногу од обемот на производство – односно, колку масовна е употребата толку истата ќе биде поевтина. Јасно е дека технологијата ќе биде имплементирана прво на автомобилите од премиум-сегментот, а кога ќе стане масовна, ќе може да се пренесе и кај поевтините модели.