Изборот е направен така што е избран по еден Porsche модел од секоја деценија на компанијата од Штутгарт.

Иако Фердинанд Порше компанијата ја основал во Штутгарт во 1931 година (отворена првата работилница), првиот автомобил на Porsche е регистриран дури на 8 јуни 1948 година.

Со оглед на тоа дека наскоро завршува седмата деценија од тој датум, компанијата сакала да ја одбележи годишнината со избор на 7 легендарни Porsche модели, по еден од секоја измината деценија.

Првиот во изборот е оригиналниот 356 од 1951 година. Воедно ова е првиот германски автомобил кој го добил додатокот на SL во ознаката (Mercedes 300 SL ќе се појави една година подоцна).

Porsche 356 имал 4-цилиндерски 1.1-литарски боксер мотор од 46 коњски сили (34 kW), кој на автомобилот од само 640 килограми му овозможувал да развие брзина од 160 km/h.

Најважниot Porsche модел, кој се појавил во следната деценија или 1960-тите, е 911. Како претставник на легендарниот модел, избрана е верзија од 1964 година.

Инаку првично овој модел бил обележан со 901, но поради компанијата Peugeot, која го имала правото на трицифрени ознаки со нула во средината, бројот ознака е променет во 911.

Третиот модел во оваа селекција е тркачкиот Porsche 917 KH од 1970-тите години, кој на компанијата ја носи титулата од трката за издржливост „24 часа Ле Ман“.

Ова е првото Porsche со 12-цилиндерски 5.0-литарски мотор кој произведувал 630 КС (463 kW) и можел да развие 360 km/h.

Освен триумфот на Ле Ман, овој модел се појавува и во легендарниот филм со Стив Меквин со исто име. Токму примерок од тој филм на аукција одржана во 2017 година, достигна цена од 14 милиони долари.

Следната деценија го донесува легендарниот суперспортски Porsche 959.

Кога е претставен во 1986 година, овој модел ја освоил титулата најбрз сериски автомобил во светот кој легално може да вози на јавни патишта. Германскиот магазин Auto Motor und Sport го тестира Porsche 959 во Нардо во Италија во 1988 година и бележи максимална брзина од 339 km/h.

За клучен автомобил од 1990-тите, Porsche го избрал својот основен модел Boxster за кој се верува дека и помогнал на компанијата да помине низ кризните години од раните 1990-ти.

Првата деценија од 21-от век, според луѓето од Porsche, ја означил првиот SUV во гамата на производители од Штутгарт – Cayenne.

Овој SUV донел нови клиенти во компанијата и овозможил голем пораст на продажбата и добра заработувачка во наредните години, за да во 2014 му се придружи уште еден SUV модел гамата – Porsche Macan.

За најважно Porsche во изминатите 10 години избран е хиперспортскиот 918 Spyder. Овој автомобил има извонредно време на патеката Nurburgring од само 6 минути и 57 секунди.

Од моделот се направени само 918 копии, а хибридниот погонски систем на овој автомобил се состои од 4.6-литарски V8 мотор, кој развива 608 КС (447 kW) и два електрични мотори. Електричните мотори произведуваат 156 КС (115 kW) и 129 КС (95 kW), или вкупно 285 „коњи“. Максималната комбинирана моќност на хибридниот погон е 887 КС (652 kW).