Моделот McLaren Senna е пред се наменет за тркачка патека, но прашање е дали може да се справи со хибридниот хиперавтомобил P1

Моделот Р1 повеќе не се произведува, додека Senna е веќе распродаден (Senna). Она што е многу интересно е да се истражи како овие два суперспортски автомобили со различни филозофии стојат еден против друг.

Кога е лансиран, се мислеше дека P1 е излезен од некој научно-фантастичен филм или стрип. Со контроверзен стил во споредба со Ferrari LaFerrari и Porsche 918 Spyder, со овие два модели чинеше мултимилионерско тројство на супербрзи, високо-технолошки хиперавтомобили.

ФОТО ГАЛЕРИЈА (McLAREN P1)

[useyourdrive dir=”1o3KnVd3LRX9Hlx1NhV903vDIehWnuyY3″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Од друга страна, McLaren Senna, е сосема поинаква ѕверка. Станува збор за тркачки ориентиран модел, повеќе од кој било модел на компанијата некогаш, а така и изгледа. Дури и самиот McLaren го нарече „брутален“. Автомобилот повеќе личи на „тркач“ од WEC шампионатот отколку на стандарден суперавтомобил. Моделот не поседува никаква хибридна технологија, која практично го дефинираше моделот P1.

ФОТО ГАЛЕРИЈА (McLAREN SENNA)

[useyourdrive dir=”13jkHpcrwO9_cEThiqCzXl1U5IGjoPtHR” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Кој е подобар?