Porsche има големи планови на пазарот за електрични возила
Porsche најави инсталација на 500 станици за полнење на електрични автомобили со цел подготовка на инфраструктурата за доаѓање на нивните електрични автомобили
Повеќето сопственици на електрични возила батериите на своите автомобили ги полнат дома во текот на ноќта или додека се на работа, така што во текот на денот тие немаат проблем со нејзиното траење, но тоа не може да се каже за оние кои планираат малку подолго патување, бидејќи тие мора да бираат маршрути на кои има станица за полнење на електрични автомобили.
Бројот на таквите станици постојано расте, но како расте побарувачката и продажбата на електрични возила ќе има потреба од се поголем број на нови станици за полнење – за тоа се свесни и во Porsche чиј прв електричен автомобил, Mission e, на пазарот доаѓа следната година, за да во 2020 година пристигне и вториот базиран на концептот Mission E Cross Turismo .
Извршниот директор за Северна Америка, Клаус Зелмер во неодамнешно интервју за изданието Automotive News објави дека Porsche на овој пазар до крајот на следната година ќе отвори околу 500 станици за полнење на електрични возила.
Освен покрај салоните на Porsche, вакви станици ќе бидат поставени и на автопатиштата за на сопствениците на електрични возила да им се овозможи безгрижно долго патување. Најавената моќ на полначите ќе изнесува ќе изнесува дури 350kW, а со тоа за само 20 минути батериите ќе може да се наполнат до 80% капацитет.
Во текот на следните години, Porsche планира да потроши милијарди евра за развој на електрични / хибридни возила и инфраструктура – до 2022 година ќе бидат инвестирани до 6 милијарди долари.