Продажбата на BMW M2 Competition започнува ова лето

Иако на прв поглед се чини прилично препознатлив, моделот кој е замена за M2 Coupe има скромно изменет преден дел со поголема маска (решетка) на ладилникот, со цел подобро ладење на моторот. Тука се и аеродинамичните капаци на ретровизорите, црните, хромирани издувни цевки и рестилизираните 19-инчни фелни со гуми Michelin Pilot Super Sport на нив.

Внатрешноста е речиси иста, но има нови М Sport седишта на кои е врежано М2 лого. Тука се и црвеното копче за стартување на моторот, како и спортскиот управувач со M контроли. Да ги споменеме и компонентите обложени со алкантара и специјалните сигурносни појаси.

И додека во однос на дизајнот, повеќе или помалку се е во рамките на очекуваното, работите се многу поинакви под капакот за моторот. Новиот M2 Competition располага со 6-цилиндерски twin-turbo агрегат со волумен од три литри, каков што се наоѓаа и во моделите M3 и M4. Овде, тој развива 405 коњски сили и 550 Nm вртежен момент. Погонскиот агрегат е поврзан со 6-степен мануелен менувач, а забрзувањето од 0 до 100 km/h e 4,2 секунди. Ако клиентите изберат 7-степенски менувач со двојна спојка забрзувањето до стотка паѓа на 4 секунди.

BMW M2 Competition има електронски ограничена максимална брзина од 250 km/h, што може да се подобри на 280 km/h со дополнителен M-пакет на опрема.

BMW M2 Competition е опремен со истиот систем за ладење како и моделот М4 со Competition пакет на опрема. Системот се состои од централен и два странични радијатори и дополнителен ладилник. Моделите со 7-брзински DCT менувач имаат уште дополнителен ладилник.

Тука е и пластиката засилена со јаглеродни влакна, како и подобрениот Active M диференцијал.

Унапреден е системот за сопирање, а дисковите се поголеми. Предните дискови се 400 милиметри и задните 380.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1OgwMXQ94pKndCveuS5pyw1HjEA7pga25″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Продажбата на BMW M2 Competition започнува ова лето, а деталите за цената ќе бидат познати нешто порано.