Google подготвува редизајн на Gmail
Google ги потврди информациите за новиот дизајн на Gmail кој веројатно ќе стане достапен за корисниците во мај по Google I/O конференцијата
Google конечно се подготвува за промени во веб-дизајнот на Gmail. Откако пред неколку дена на интернет почнаа да циркулираат информации за новиот изглед и новите опции, од компанијата потврдија дека работат на голема надградба на оваа услуга, но забележуваат дека им треба повеќе време, па затоа во моментот не можат да кажат ништо за промените што ги подготвуваат.
Ако е вистина она што се споменува на Интернет, наскоро не очекува „ново искуство со Gmail“. На Tech Crunch велат дека може да се очекува „свеж и чист“ дизајн за Gmail, како и подобра интеграција со апликациите на Google – на пример, Gmail би можел да биде уште полесен за пристап до календарот на Google и некои други апликации од оваа компанија.
Еден од новитетите кој Google се очекува го внесе во следните неколку недели е smart replay – на корисниците ќе им бидaт достапни автоматски одговор пораки кои ќе бидат базирани на содржината на пораката, а тука е уште една интересна опција како Snooze со која треба да бидат скриени дојдовните e-mail пораки и по извесно време да се покажат повторно.
Наместо Gmail Offline за Chrome која веќе нема да ја има, новата верзија на овој mail сервис треба да донесе и поддршка за пристап до e-mail пораките во offline мод.