Дигиталниот свет се движи со неверојатна брзина, но тоа е мерливо, за што потврда доаѓа од Digital Economy Compass и нивниот интересен извештај за 2017 година и за тоа, на пример, што се случувало во само 60 секунди. Бројките се фасцинантни!

За само една минута ширум светот се поставени околу 243.000 фотографии, само на Facebook, преку Google се направени 3,8 милиони пребарувања, а LinkedIn добил 120 нови корисници, на Dropbox се поставени 800.000 различни датотеки.

За 60 секунди, на Snapchat се поставени повеќе од 210.000 „снапови“, повеќе од 29 милиони пораки се испратени преку WhatsApp, пратени се повеќе од 156 милиони e-mail пораки низ целиот свет, поставени повеќе од 400 часа содржина на YouTube.

Корисниците на Netflix комбинирано во една минута прегледале повеќе од 87.000 содржини, преку SKype се направени повеќе од 2 милиони минути во разговор, а на Spotify се преслушани повеќе од 1.5 милиони песни …

Фасцинантно, во најмала рака.