MotoGP Аргентина – Голема победа за Крачлоу, Маркез и Роси повторно во „војна“!
Возачот на LCR Honda Кал Крачлоу, е победник на втората трка од сезоната во MotoGP шампионатот, Големата награда на Аргентина, која ја обележија серија на контроверзни одлуки и најблаго кажано дискутабилни потези на Марк Маркез
Британецот Крачлоу до третата победа во кариерата, прва по повеќе од една година, стигна со две и пол десетинки предност пред Жоан Зарко на Yamaha Tech 3 и третопласираниот Алекс Ринс на Suzuki.
Пред самиот старт на трката паѓаше дожд, но иако патеката почна да се суши, само освојувачот на пол позицијата во квалификациите, Џек Милер, избра да возил со гуми за суво. Сите останати возачи одлучија да се вратат во боксовите и да ги заменат моторите, што предизвика одлагање на стартот на трката, иако според правилата, сите мораа да тргнат од боксовите.
По десет минутното одлагање на стартот, раководството на трката одлучи сите возачи да бидат поместени три реда поназад во однос на Милер, што е првпат во историјата на Светското првенство. Кога сите го очекуваа зеленото светло за старт на трката, моторот на Маркес се изгасна, а тој наместо да се помести на крајот од гридот, со буткање успеа повторно да го стартува моторот, се врати на стартната позиција и трката ја започна со другите.
По само неколку круга водство на Милер, Маркес фуризоно се проби на челото на колоната, но не остана долго време на неа. Поради кршење на правилата од стартот на трката, беше казнет со поминување низ боксот, поради што падна во поредокот на крајот од колоната.
Тоа како да го исфрустрира Шпанецот, па почна фуриозно, да се пробива напред во поредокот, стигнувајќи до шестата позиција, но притоа и со неодговорно возење исфрлајќи го од патеката Валентино Роси. Претходно имаше и, најблаго речено, дискутабилни контакти со Алеш Еспаргаро и Такаки Накагами. На крајот, Шпанецот низ целта помина како петти, но поради новата казна од +30 секунди (поради инцидентот со Роси), тој во финалниот поредок заврши само на 18-то место.
The moment everyone is talking about from #ArgentinaGP ?@marcmarquez93 and @ValeYellow46 CLASH!
Relive the #TermasClash ➡️ https://t.co/uxrqBB0MdH pic.twitter.com/1F01kUpn05
— MotoGP™??? (@MotoGP) April 9, 2018
На крајот од трката, Маркес појде во боксот на Роси за да се извини, но тоа не наиде на одобрение од луѓето на Роси, па обидот пропадна. Дали по ова е на повидок нова „војна“ помеѓу Роси и Маркез останува да видиме.
Unbelievable scenes at the #ArgentinaGP as @marcmarquez93 heads to @ValeYellow46's box to apologise ???#TermasClash pic.twitter.com/5ZT4CwSd9t
— MotoGP™??? (@MotoGP) April 8, 2018
Што се однесува до самата трка, во поголемиот дел од неа лидерската позиција ја имаше Милер, за да во втората половина биде предизвикан од Ринс, Зарко и Крачлоу. Австралијанецот направи грешка со што самиот се исфрли од битката за првото место, што најдобро го искористи Британецот Крачлоу. По неколку престигнувања во последните кругови со Зарко, помина прв низ целта. Ринс заврши како трет, а Милер мораше да се задоволи со четвртото место.
Crutchlow bags his third and Honda's 750th Grand Prix victory ???#ArgentinaGP pic.twitter.com/dACcrRfros
— MotoGP™??? (@MotoGP) April 8, 2018
Најдобри помеѓу останатите, но далеку од возачите кои се бореа за подиумот, завршија Маверик Вињалес на Yamaha, пред Андреа Довициозо на Ducati и Тито Рабат. Помеѓу најдобрите десетмина место обезбедија и Андреа Ианоне, Хафиз Сарин и Данило Петручи.
2018 MotoGP GP Argentina: Резултати
2018 MotoGP GP Argentina: Генерален пласман
2018 MotoGP GP Argentina: Race Highlights
По две извозени трки, во генералниот пласман Крачлоу е водечки со 38 поени, пред Довициозо со 35 и Зарко со 28.
MotoGP шампионат продолжува со трката за Големата награда на Америка на 22 април.