Валентино Роси уште две години во Yamaha
Радосна вест за сите фанови на MotoGP. Валентино Роси на патеките ќе биде уште најмалку две години
Имено, „Докторот” го продолжи договорот со Yamaha на уште две години. Иако неговиот сеуште валиден договор истекува на крајот од 2018 година, некако се очекуваше дека Италијанецот ќе ја продолжи соработката со јапонскиот производител.
Минатиот месец Роси наполни 39 години, што значи дека ќе продолжи да се трка до 41 година, што ќе го направи првиот 40-ет годишен возач во MotoGP кој ќе се натпреварува во кралската класа, по Колин Едвардс во 2014 година.
Тимски колега и понатаму ќе му биде Маверик Вињалес, кој исто така потпиша нов договор со Yamaha до 2020 година.
„Кога го потпишав последниот договор со Yamaha во март 2016 година, се прашував дали тој ќе ми биде последен како возач во MotoGP“, вели Роси. „Тогаш одлучив одлуката да ја донесам во наредните две години. Во меѓувреме, дојдов до заклучок дека сакам да продолжам да се тркам, да бидам возач во MotoGP, а нешто што ми дава посебно задоволство е возењето на мојот М1“, продолжува Роси.
„Особено сакам да му се заблагодарам на шефот на тимот на Yamaha, Лин Џарвис и менаџерот на тимот, Мај Мерагали, за нивната верба во мене, бидејќи предизвикот не е лесен: да се биде конкурентен со четириесет години! Знам дека ќе биде тешко и ќе ми треба многу напор, многу работа, но јас сум подготвен, мотивација не ми недостасува. Затоа и потпишав на уште две години“.
Партнерството на Роси со Yamaha досега резултираше со 56 MotoGP победи, како и титули во 2004, 2005, 2008 и 2009 година.