Ford на Европските клиенти ќе им понуди нешто послаб V8 мотор од оној што е поставен во американскиот Bullitt

На почетокот од годината, американскиот производител на автосалонот во Детроит ја претстави модерната верзија на Mustang со ознака Bullitt, во спомен на легендарниот автомобил користен во истоимениот филм од 1968 година со исто така легендарниот Стив Меквин.

Два месеци подоцна, на салонот во Женева доаѓа „европскиот“ Bullitt опремен со 5.0 V8 мотор со 464 КС („американецот“ развива 475 КС) и 529 Nm (570 Nm во САД). Погонскиот агрегат е поврзан со 6-брзински мануелен менувач.

Клиентите можат да изберат помеѓу две бои на каросеријата – црна Shadow Black и класична зелена Highland Green. Автомобилот „лежи“ на 19-инчни алуминиумски тркала, а треба да се споменат и сопирачките Brembo како и уникатната маска на ладилникот.

Во ентериерот доминира 12-инчен екран од мултимедијалниот систем од најнова генерација, а тука е и познатата рачка од менувачот во форма на бела топка како и премиум B&O Play аудио систем од 1000 вати.

Меѓу опциите се спортски кожни седишта Recaro.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Продажбата на европската верзија на Mustang Bullitt започнува одоцна оваа година.