Женева 2018: Porsche Mission E Cross Turismo Concept / ФОТО

0

Porsche на автомобилскиот саем во Женева го претставuva својот концептен модел Mission E Cross Turismo, концепт кој претставува електрично CUV (Cross Utility Vehicle) возило

Моделот е наменет за оние луѓе кои сакаат авантури во природа, планинарење и сакаат флексибилен ентериер и добар багажен простор.

Концептниот автомобил е долг 4.950 mm и има погон на сите тркала на 800-волтна архитектура.

Визуелно гледано, моделот го одликува ниската хауба, вертикалните отвори за воздух на предниот дел, Matrix предните светла со LED технологија, предниот спојлер, агресивните лакови над тркалата и праговите, како и зголемиот клиренс за полесно теренско возење.

Концентриран на корисност, наслоните за седење може да се склопат со прилагодливи и отстранливи ремени. Контролниот панел ја нагласува широчината на концептот, а инструмент таблата е хоризонтално организирана. Во исто време, независните кластер инструменти се наклонети кон возачот со три кружни графички дисплеи.

Меѓу останатите карактеристики на ентериериерот се централната конзола свртена кон визуелниот панел, амбиенталното осветлување, како и дигиталниот сервис Porsche Connect, како и спортските, малку футуристички седишта.

Погонската единица испорачува скоро 600 КС, а Mission E Cross Turismo од 0 до 100 km/h стигнува за помалку од 3,5 секунди, односно до 200 km/h за помалку од 12 секунди.

Според она што го тврдат од Porsche, можни се повеќекратни последователни забрзувања без губење на перформансите, се разбира, со помош на погонот на сите тркала со Porsche Torque Vectoring системот.

На дополнителната динамика на возење влијае и адаптибилната воздушна суспензија која го зголемува клиренсот до 50mm, додека Dynamic Chassis Control (PDCC) овозможува активна стабилизација.

Споменатата 800-волтна архитектура овозможува концептот со литиум-јонска батерија да има автономија од околу 400 километри, а се полни за нешто повеќе од 15 минути.

Батеријата на Mission E Cross Turismo може да се дополнува со помош на индукција, станици за полнење или домашниот систем на Porsche за складирање на енергија.

Mission E Cross Turismo може да биде сериозна конкуренција за Tesla, подеднакво и за Model S и Model Х.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Најава кога овој концепт би можел да добие сериска верзија нема, но веројатно е дека тоа би се случило по лансирањето на основната верзија на Mission E планирана за 2019 година.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »