Социјалната мрежа Facebook неодамна го прослави својот 14-ти роденден, а нејзиниот основач и извршен директор Марк Закерберг во меѓувреме зборуваше за сето она што го научил во меѓувреме

„Имав 19 години кога го основав Facebook, а тогаш немав поим што правам. Не знаев ништо за градење на глобални интернет сервиси“, напиша Цукерберг во еден пост на Facebook.

„Во следните неколку години ги направив сите можни грешки што може да ги замислите. Јас направив десетици технички грешки и голем број на лоши одлуки. Им верував на погрешни луѓе, а талентирани луѓе поставив на погрешни места. Пропуштив важни трендови, и на другите им делував бавно. Лансирав производ по производ без успех на пазарот“, додава тој.

Закерберг истакнува дека неговиот пат сеуште трае и дека има многу нешта што треба да ги научи за да го зближи и подобри светот.

„Фокусирањето на овој проблем секогаш ќе биде нашата сила, а токму тоа е она на што ќе се фокусираме оваа година“, вели тој.

Оваа популарна социјална платформа денес има 1,4 милијарди дневни корисници и 2,1 милијарди активни корисници месечно.

Вредноста на Facebook денес е речиси 550 милијарди долари.