Peugeot 508 пристигнува во Женева

0

Peugeot на претстојниот автомобилскиот саем во Женева ќе претстави сосема нова и освежена верзија на својот седан 508, кој треба да добие повеќе напредна технологија и ревидиран стајлинг, со цел да остане конкурентен во сегментот кој е најмногу изложен на Crossover/SUV офанзивата

Можен изглед на новиот 508

Новата генерација на Peugeot 508 ќе дебитира во Женева на 6-ти март. Извори блиски до производителот наведуваат дека лимузината од D сегментот ќе го преземе стилскиот изглед на новите модели на компанијата. Peugeot се уште нема објавено никакви тизери, индикативни прикази од новата лимузина, ниту детали за технолошките подобрувања. Првиот човек на групата PSA, Карлос Таварез уште во 2015 година, најави дека новиот модел ќе поседува некои функции за автономно возење, како што се системи за автоматско управување и сопирање.

Што се однесува до стилскиот израз, очекувањата се Peugeot 508 да заземе стилски израз кој ќе потсетува на купе форма. Се претпоставува дека новиот модел ќе го следи дизајнерскиот правец поставен со концептот Instinct, презентиран на минатогодишното издание на Женевскиот саем.

Peugeot 508 веќе нема да ја користи стараѕа PSA PF3 платформа, туку ќе се темели врз EMP2 платформа, која се користи и за моделите 5008 и 3008. Кон седан верзијата ќе биде придодадена и караван верзија.

Конкуренција на моделот 508 ќе бидат Volkswagen Passat, Ford Mondeo како и Opel Insignia, во сегментот кој најмногу страда и има голем пад во Европа во последниве години, како резултат на SUV и кросовер манијата.

Се уште актуелната генерација е во продажба од 2011 година и беше единствена во сегментот со понудата на дизел-хибридна верзија, пред да дојде до прекин на производството на оваа верзија. Многу е веројатно дека новата генерација на лимузината ќе добие и plug-in хибридна варијанта.

Peugeot 508 има голем пад на продажбата во Европа во текот на претходната година (-39%), или само 22.724 продадени примероци (податоци од JATO Dynamics).



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »