Фарми за искористени батерии

0

Toyota истражува начини за најефикасна употреба на искористените батерии, кои го одслужиле својот работен век во некое од електричните или хибридните возила, кои компанијата ги произвела во минатото

Намерата е да се изгради капацитет за складирање кој би можел да „угости“ такви батериски единици со вкупен капацитет од 10.000 kW. За ваква бројка, изразена во киловати, да се достигне, потребно е да се складираат вкупно десет илјади батерии од користени модели Prius и електричниот iQ.

Користените батерии се навистина вредни, а Toyota вака гледа на целата ситуација.

Батериите кои ќе бидат употребени ќе бидат во можност да го апсорбираат целиот вишок, до зададениот капацитет на фармата за батерии, од произведената електрична енергија од националната мрежа во периоди на намалена побарувачка (ноќе). Покрај тоа, целата произведена електрична енергија, со употреба на обновливи извори на енергија (ветерници и соларни фарми), ќе биде депонирана во складираните батерии, кои го завршиле својот животен век во автомобилите. Ова е многу корисно, со оглед на фактот дека природните, атмосферски услови се непредвидливи, како и количината на енергија која може да се добие со искористување на природните ресурси. Спротивно на тоа, во време на максимално оптоварување, депонираната електрична енергија ќе биде вратена во националниот систем за електрична енергија, а со тоа би се намалила енергетската тензија.

Проектот на кој работи Toyota, е развиен во соработка со јапонскиот електро гигант Chubu Electric Power, а на јавноста ќе и биде претставен во текот на оваа година. Доколку добие зелено светло, фармата за батерии ќе биде ставена во функција за две години, односно до крајот на 2020 година.

Секако дека Toyota го наведува фактот дека искористените батерии имаат намален капацитет, но дури и како такви можат да бидат многу корисни во однос на растеретување на електро-енергетскиот систем и намалување на осцилациите на напонот во мрежата.

Огромното мнозинство на батерии, кои ќе бидат доставени на фармата, не се на литиум-јонски база, туку NiMH единици, користени во постарите верзии на хибридниот Prius. Сепак, компанијата предвидува дека околу 2030 година, оваа структура ќе биде променета во корист на современите литиум-јонски (Li-Ion) батерии кои ќе се користат во идниете електрифицирани модели.

На сличен проект работат и во компанијата Nissan во кој се користат батерии кои некогаш депонирале струја за електричниот Leaf. Особено е интересно тоа дека токму Leaf, е одговорен за снабдување со дел од електричната енергија на Амстердам Арена, инаку дом на фудбалскиот клуб AFC Ajax.

Заедничкото вложување на Toyota и Chubu Electric Power, предвидува и екстракција на некои многу ретки во природата, хемиски елементи кои вообичаено ги содржат батериите. Така изолираните материјали ќе бидат соодветни за повторно користење за различни цели.

Во исто време и Шведска планира да инвестира средства во износ од 18 милиони американски долари, со цел да се реализира проект за најголема фарма од ваков тип во Европа, која треба да се наоѓа во северниот дел на земјата, се вели во соопштението на компанијата Northvolt.

Компанијата Northvolt, со која раководи поранешен претставник на компанијата Тesla, води „битка“ со корејскиот ривал LG Chem, во поглед на тоа која групација ќе изгради поголем капацитет за складирање на батерии на европскиот континент.

Вкупната цена на проектот, вклучувајќи ги трошоците за истражување, изнесува 4 милијарди евра.

На реализацијата на проектот работи и компанијата Scania, швајцарската инженеринг група АВВ и данскиот производител на турбини за ветерници – Vestas.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »