Honda Civic доаѓа со „најнапредниот“ дизел досега
Новиот 1.6-литарски i-DTEC мотор ќе ја заокружи понудата на Honda Civic што се однесува до погонските агрегати, а во продажба прво ќе се најде во Велика Британија
Споменатиот i-DTEC, Honda го најавува како технолошки најнапреден дизел на пазарот, а почетната цена во Велика Британија ќе изнесува 22.650 евра.
Агрегатот испорачува 120 коњски сили и 300 Nm вртежен момент при 2.000 вртежи на предната оска, а впарен е со 6-степен мануелен менувач. Автоматскиот менуваќ со 9-степени на пренос ќе биде достапен од лето.
Забрзувањето на Civic од 0-100 km/h со овој мотор изнесува 10.4 секунди, а Honda „ветува“ минимална потрошувачка на гориво од 3.7 l на 100 km.
Досега во Европа во понуда беа само бензинските VTEC агрегати, 1.0-литарски турбо со 3-цилиндри и помоќниот 1.5-литарски со 4-цилиндри.
Нема информација кога 1.6-литарскиот i-DTEC ќе се појави и кај нас.