Колку пати ви се случило компјутерот да го оставите вклучен, а во доцните часови, почне да ви пристигнуваат нотификации од колегите и пријателите? Новата претстојна надградба за Windows 10 би требало да стави крај на ова

Најновиот додаток за Windows, кој стигнува, како дел од неодамнешната „рана објава“ за надградбата Insider Preview Build 17074 носи име „тивки часови“ и е како создаден за корисниците кои првенствено се жедни за малку мир и тишина.

Quiet Hours на корисникот му овозможуваат во одреден временски период да ги исклучи сите потсетници, освен оние што кои доаѓаат од лицата кои се наведени во листата на приоритети. Quiet Hours, исто така, помага и при играње на цел екран во конфигурации со два или повеќе монитори.

Додатоците кои ги донесува оваа надградба не се конфигурирани да ги оневозможат подсетниците. На пат се подобрувања за читање на дигитални книги во EPUB формат, како и синхронизација на читање на повеќе уреди.

Она што многу луѓе веројатно ќе ги воодушеви е опција за исклучување на доменските лозинки. Ова исто така вклучува автоматско чување лозинки и подготвување на екстензии во режимот InPrivate.

За комплетната листа на подобрувања повеќе на официјалниот блог на Windows 10.