Кинеската влада започна со агресивна кампања за популаризација на електричните возила. Кампањата започна со забрана на 553 автомобили на фосилни горива, а продолжува со градскиот транспорт.

Така, целиот град Шенжен, во кој има околу 11 милиони жители, е покриен исклучиво со мрежа од електрични автобуси, речиси 16.500.

Според тврдењето на градската администрација, Шенжен е првиот град во светот кој има флота составена исклучиво од електрични автобуси, а во исто време и најбројна. Се наведува дека Шенжен има и најбројна флота на електрични такси возила (12.500), што е 62,5 отсто од вкупната бројка, со план до 2020 година за комплетна електрификација.

Како поддршка на огромната автобуска флота, градот инсталирал 501 станици за полнење, заедно со 8.000 единици низ градот, вклучувајќи ги и автобуските станици.

Според градските власти пресметката е едноставна – електричните автобуси користат 72,9 проценти помалку енергија од оние со дизел мотор. Годишната заштеда е еквивалентна на 366.000 тони јаглен или 345.000 тони гориво, а емисиите на јаглероден диоксид помали за 1,34 милиони тони. Такси возилата ќе заштедат енергија еднаква на 119.000 тони јаглен или 116.000 тони гориво.