Јужнокорејскиот производител на автомобили Kia на саемот за иновации во Лас Вегас (9-12 јануари), CES 2018, ќе го претстави својот концепт за електричен автомобил на иднината

Електричниот концепт на Kia е базиран на кросовер моделот Niro, а според најавите на производителот, станува збор за комбинација од „моќен дизајн“ и високо ефикасна електрична погонска единица на батерија.

Концептот Niro EV, вклучува и интерфејс помеѓу луѓето и машините (HMI), кој, според Kia, досега е „невиден“ и содржи многу модерни и идни технологии.

Новиот адут на Kia ќе има три различни дизајни на кокпитот, во зависност од типот на автомобилот, ќе поседува и полу-автономен систем, а компанијата најави дека овој концепт во блиска иднина може да влезе во сериско производство.

Јужнокорејскиот производител во Лас Вегас ќе претстави и детали за својата стратегија за само-возечки автомобили.