Електричниот модел од палетата на комерцијални возила на Ford е придвижуван од електричен мотор кој развива 136 коњски сили, а податоците за капацитетот и опсегот на батеријата се уште не се откриени

Флотата на Ford од мали комерцијални возила од следната година ќе биде засилена со електричниот модел E-Transit Courier кој е поголем и попростран од верзиите кои се напојуваат со мотори со внатрешно согорување.

Засега е познато дека новиот електричен E-Transit Courier го придвижува електричен мотор кој развива 136 коњски сили. Податоците за капацитетот на батеријата и опсегот кој може да се постигне со едно полнење сè уште не се објавени, но откриено е дека се потребни 5,7 часа за целосно полнење на празните батерии преку домашен полнач (11 kW).

Обемот на товарниот простор е доволен за сместување на две евро-палети, а носивоста е 700 килограми. Со отворот меѓу патничкиот и товарниот простор, ванот за испорака може да смести предмети со должина од околу 2,6 метри, а електричниот Courier може да влече и приколка чија тежина не надминува 750 килограми.

Возачот може да смета на 12-инчна дигитална инструмент табла и 12-инчен дисплеј кој го контролира мултимедијалниот систем, кој доаѓа со можност за безжично поврзување со Apple CarPlay и Android Auto, а стандардната опрема вклучува неколку системи за помош возачот и зголемена активната безбедност.

Продажбата на новиот Transit Courier придвижуван од турбо-бензински и турбо-дизел мотори започнува оваа година, а електричната верзија ќе биде достапна од следната година. Сите верзии ќе се произведуваат во фабриката на Ford во Романија, која го произведува и кросовер моделот Puma.