Моделот Passat на Volkswagen оваа година го слави својот 50-ти роденден и како што му доликува ќе добие големи козметички промени

2024 VW Passat / рендер

Шефот на Volkswagen, Томас Шефер, го потврди доаѓањето на деветтата генерација на Passat во септември.

Шефер за Automotive News Europe изјави дека новиот Passat на европскиот пазар ќе пристигне во септември, но само во караван верзија, што значи дека нема да има седан. Пазарот на седани на Стариот континент брзо се намали, но купувачите кои сè уште сакаат традиционална форма сè уште имаат опција во рамките на групацијата Volkswagen, а тоа е моделот Superb на Škoda.

Чешкиот предводник е базиран на истата платформа како и Passat, а неговата нова генерација ќе пристигне пред крајот на годината, и во седан и во караван верзија. Поточно, Superb ќе пристигне како лифтбек, а не како вистински седан со одвоен багажник.

Она што е интересно е фактот дека Škoda беше одговорна за развојот и на Superb и на Passat. Шефер вели дека тоа илустрира колку тесно соработуваат брендовите на VW за разлика од минатото, но сепак ја одржуваат својата независност и идентитет преку различни дизајни.

Она што можеше да се види на шпионските фотографии на рускиот магазин Kolesa.ru е дека новиот Passat ќе има малку поспортски изглед со малку поизразена опаѓачка линија на задното стакло. Напред ќе има тесна решетка, како што е случајот со Golf од осмата генерација, додека внатре ќе има голем „таблет“ чувствителен на допир, како и дигитална инструмент табла.

Ова може да биде и последната генерација на Passat, барем што се однесува до верзиите со конвенционален погон. Поголемиот дел од гамата ќе биде 1.5-литарски благ хибрид или 1.5-литарски plug-in хибрид (мотори со четири цилиндри). Електричниот опсег ќе биде до 100 километри.

Фолксваген го претвори поранешниот производствен погон на Passat во Емден, Германија во фабрика за ID.4 и претстојниот ID.7, така што Passat и Superb ќе бидат изградени во Братислава, каде што се изработуваат и електричниот градски автомобил VW e-Up и Audi Q7, но и Porsche Cayenne и VW Touareg.