Крај за Audi A3, Германците потврдија ново мал EV!
„До 2027 година имаме за цел да понудиме електрично возило во секој сегмент. Неодамна решивме да лансираме EV модел позициониран под Audi Q4 e-tron
Audi ќе лансира нов мал електричен модел кој се очекува да се базира на EV платформата на Volkswagen Group.
„Се одлучивме за 100% електричен погон“, вели извршниот директор Маркус Дајсман на годишната прес-конференција на Audi.
„До 2027 година, имаме за цел да понудиме целосно електрично возило во секој клучен сегмент. Неодамна решивме да лансираме дополнителен електричен модел позициониран под Audi Q4 e-tron“.
Иако извршниот директор не откри повеќе детали, новиот модел се очекува да послужи како замена за A3.
Очекувањата се новиот почетен електричен модел да биде понуден како хечбек со четири врати и како седан со четири врати, пишува Autocar повикувајќи се на неименувани извори.
Моделот би требало да се заснова на архитектурата на следната генерација на Volkswagen SSP (Scalable Systems Platform), моментално со кодно име Project Trinity, иако одделни извештаи сугерираат дека со платформата има проблеми.
VW во минатото изјави дека архитектурата SSP ќе биде подобрување во однос на сегашната платформа MEB, нудејќи опсег на возење до 700 km.
Audi
Возилата поставени на оваа платформа ќе може да се полнат и со брзина од 270 kW, што би требало да им овозможи да добијат до 130 километри досег за само 10 минути. Почетното електрично Audi ќе има корист и од новата технологија за батерии „Unified Cell“ на VW, но ќе биде компатибилно и со батериите во „цврста состојба (Solid State)“.
Дајсман додава дека Audi планира да претстави 20 нови модели, од кои повеќе од половина ќе бидат целосно електрични, до 2025 година. Електричната замена на Audi за A3 најверојатно ќе следи по пристигнувањето на Q6 e-tron, првиот модел базиран на исто така новата и врвна Premium Platform Electric (PPE) архитектура.