Официјално: Матија Биното поднесе оставка и заминува од Ferrari!
Матија Биното поднесе оставка и од следната година повеќе нема да биде на чело на Ferrari. Биното е дел од Formula 1 тимот на Ferrari веќе 28 години, а во 2019 година го замени Маурицио Аривабене како тимски шеф. Сепак, Ferrari не освои ниту една титула во неговата ера и Биното одлучи дека е вистинско време да го напушти тимот
53-годишниот Биното во Ferrari ќе остане до 31 декември, до кога тимот треба да ја именува неговата замена.
„ЖАЛ МИ Е ШТО ОБЈАВУВАМ ДЕКА РЕШИВ ДА ЈА ПРЕКИНАМ СОРАБОТКАТА СО FERRARI. ЈАС НАПУШТАМ КОМПАНИЈАТА КОЈА ЈА САКАМ И ОД КОЈА СУМ ДЕЛ ВЕЌЕ 28 ГОДИНИ. УТЕХА МИ Е ДЕКА НАПРАВИВ СЕ ШТО МОЖЕВ ЗА ДА ГИ ИСПОЛНАМ ПОСТАВЕНИТЕ ОЧЕКУВАЊА.“
„СЕ ЗАМИНУВАМ ОД ОБЕДИНЕТА ЕКИПА КОЈА Е ВО РАСТ. СИЛЕН ТИМ КОЈ, ВЕРУВАМ, Е ПОДГОТВЕН ЗА ВИСОКИ ЦЕЛИ, ЗА КОИ ИМ ПОСАКУВАМ НАЈДОБРО ВО ИДНИНА. ВЕРУВАМ ДЕКА ОВА Е ВИСТИНСКИОТ МОМЕНТ ДА ГО ПРЕЗЕМАМ ОВОЈ ЧЕКОР, КОЛКУ И ДА Е ОВАА ОДЛУКА ТЕШКА ЗА МЕНЕ“.
„БИ САКАЛ ДА ИМ ЗАБЛАГОДАРАМ НА СИТЕ ЛУЃЕ ОД GESTIONE SPORTIVA КОИ ГО ДЕЛЕА ОВА ИСКУСТВО СО МЕНЕ. ИСКУСТВО КОЕ БЕШЕ ПОЛНО СО ПРЕДИЗВИЦИ, НО И СО ГОЛЕМО ЗАДОВОЛСТВО“.
BREAKING: Mattia Binotto will leave his position as Ferrari team principal at the end of 2022#F1 pic.twitter.com/wVzdS12IcG
— Formula 1 (@F1) November 29, 2022
Ferrari имаше фантастичен почеток на годината со двојната победа на Големата награда на Бахреин. Шарл Леклер на првите три трки имаше две победи, а со двете откажувања на Макс Верстапен се чинеше дека Леклер е голем фаворит за шампионската титула, барем на стартот од сезоната.
Сепак, сезоната оттогаш тргна надолу за Ferrari. По летната пауза не забележаа ниту една победа, но сепак успеаја да го обезбедат второто место во шампионатот на возачи и конструктори.
„БИ САКАЛ ДА МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРАМ НА МАТИА ЗА СЕ ШТО НАПРАВИ ВО ИЗМИНАТИВЕ 28 ГОДИНИ СО FERRARI И ПОСЕБНО ЗА ВРАЌАЊЕТО НА ТИМОТ НА КОМПЕТИТИВНА ПОЗИЦИЈА ВО ПОСЛЕДНАТА ГОДИНА“.
„КАКО РЕЗУЛТАТ НА ОВА, НИЕ СМЕ ВО СИЛНА ПОЗИЦИЈА ПОВТОРНО ДА КОНКУРИРАМЕ ЗА ТИТУЛАТА, НАЈМНОГУ ЗАРАДИ СИТЕ НАШИ НЕВЕРОЈАТНИ ФАНОВИ НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ. СИТЕ ВО SCUDERIA И ПОШИРОКАТА ЗАЕДНИЦА НА FERRARI МУ ПОСАКУВААТ НА МАТИЈА СЕ НАЈДОБРО ВО ИДНИНА“, вели Бенедето Виња, извршниот директор на Ferrari.