Теsla Model Y на врвот! Ова се најпродаваните автомобили во Европа за месец септември
Бројот на регистрации на нови автомобили во Европа е во пораст втор месец по ред, а Tesla Model Y предводи во зголемувањето на пазарниот удел за електрични возила
Регистрациите на 27 европски пазари достигнале вкупно 1.038.481 единици, што е зголемување од 7,5%, според Jato Dynamics, споредбено со 965.595 единици во септември 2021 година.
За првите девет месеци, бројот на нови регистрации изнесува 8.182.818 единици, што е за 3,6% помалку во однос на периодот јануари-септември 2020 година и за 32% помалку отколку во првите девет месеци од 2019 година.
„Пазарот губи милион единици по квартал во последните три години“, вели Фелипе Муњоз, глобален аналитичар во Јато.
Падот продолжува да се припишува на глобалниот недостиг на полупроводници и војната во Украина, како и блокадите во Кина предизвикани од Ковид-19 и честите топлотни бранови.
Растот на продажбата на електрични возила останува позитивен. Со продадени 160.869 единици во септември, обемот е зголемен за 15%, што претставува втор најголем месечен пазарен удел досега (15,6% од сите регистрации). Регистрациите на рlug-in хибриди се зголемени за 7% или 87.712 единици.
Tesla Model Y за прв пат е најпродаваниот автомобил во Европа, со 29.367 регистрации во септември и 227% раст на годишно ниво. Во септември, Model Y е просечно секој трети на секои 100 нови автомобили во Европа, надминувајќи го дури и Volkswagen Golf во неговата родна Германија.
Најпродавани автомобили во Европа во септември: