Volkswagen управува со фабрики за автомобили во Португалија, Шпанија и Белгија, земји каде што се наоѓаат LNG терминали, па се претпоставува дека производството од Германија ќе се пресели таму доколку продолжат проблемите со гасот

Снабдувањето со гас е неизвесно, а познато е зошто е тоа така. Германската индустрија е силно погодена, односно вистинските логистички проблеми штотуку почнуваат да се појавуваат. Руските гасоводи се затворени, од друга страна магацините се полни, но релативно брзо ќе се испразнат. Германската индустрија се обидува да обезбеди резервни решенија, а Volkswagen најави дека ќе се обиде да ја реши натамошната гасна криза со алокација на дел од своето производство на автомобили. Volkswagen управува со фабрики за автомобили во Португалија, Шпанија и Белгија, земји каде што се наоѓаат LNG терминали, па се претпоставува дека производството од Германија ќе се пресели таму доколку продолжат проблемите со гасот. Volkswagen има фабрики и во Словачка и Чешка, кои исто така зависат од рускиот гас.

VW најави дека треба да продолжи со договореното производство во Германија во следните 5 до 6 месеци, но потоа се ќе биде неизвесно. Не е само големиот концерн во опасност, туку и големиот број добавувачи на делови за автомобилите на Volkswagen, кои исто така се борат со неизвесноста во снабдувањето со гас и високите цени на енергијата.