Многу од нив се Mercedes, со оглед на тоа дека германскиот производител на автомобили е еден од неговите главни спонзори

Роџер Федерер го најави своето повлекување од професионалниот тенис, активност која, меѓу другото, му овозможи и голем број автомобилски модели во неговата гаража по кои многумина може само да воздивнуваат. Многу од нив се Mercedes, со оглед на тоа дека германскиот производител на автомобили е еден од неговите главни спонзори. 

Во продолжение неколку збора за највпечатливите…

Mercedes SLS AMG

Меѓу сите автомобили на Роџер Федерер, SLS AMG е оној кој привлекува најмногу внимание. Швајцарецот си дозволил дури два примероци од моделот кој е познат по нивните врати кои се отвораат како крилја на галеб.

Тоа беше модерна реинтерпретација на класичниот модел и има атмосферски 6.2-литарски V8 мотор кој може да испорача повеќе од 570 коњски сили. 

Range Rover SVR

Овој Land Rover е единствениот модел на листата кој не ја носи значката на Mercedes. Нормално, затоа што германската компанија е официјален спонзор на швајцарскиот тенисер. Сепак не е воопшто чудно што ја „издал“ ѕвездата со овој импресивен англиски модел, кој колку што е елегантен, толку е и спортски.

Како потсетување, верзијата SVR користи бензински V8 мотор со суперполнач кој испорачува околу 575 КС. Тоа е совршен спој на спорт, динамика и простор за патување со семејството.

Mercedes-AMG GLE Coupé 63 S

Уште еден теренец кој може да се најде во гаражата на Федерер е Mercedes GLE Coupe. Федерер си ја дозволил најмоќната варијанта, а купе каросеријата остава впечаток дека тенисерот сака се што е спортско. Варијантата 63 S користи 4.0-литарски V8 битурбо со 600 КС и погон на четири тркала.

Mercedes-AMG GT S

Уште еден врвен спортски автомобил. Ништо повеќе и ништо помалку од Mercedes AMG GT-S, една од најрадикалните верзии на овој купе суперавтомобил. Под капакот на моторот се крие 4.0-литарски V8 чија моќност надминува 500 КС. GT-S е исто така автомобил со двоен карактер – ефикасен е на тркачката патека и доволно удобен за секојдневна употреба.

Mercedes-AMG G 63

G-класата е еден од најдобрите теренци во историјата – автомобил кој може да оди секаде благодарение на неговите врвни теренски карактеристики, иако варијантата AMG е многу повеќе дизајнирана за асфалт. Моделот од најновата генерација има речиси 600 КС, што значи дека, иако е прилично гломазно и тешко возило, многу слободно се движи по патот.

Mercedes CLS

Mercedes CLS е еден од оние автомобили за кои знаете дека голтаат километри со максимална удобност и кој, со оглед на просторот, може да се користи и за семејни патувања. Има и голем багажник и атрактивен дизајн.

Вистина е дека теренците ги победија традиционалните седани во однос на продажбата, но ова е еден од безбројните примери за тоа колку добро некои успеваат за одредени цели. Федерер ја вози верзијата 450, со мотор чија моќ надминува 350 КС.

Mercedes SL 55 AMG

Оваа листа ја завршуваме со уште еден спортски автомобил на Mercedes. Во овој случај станува збор за SL 55 AMG, автомобил кој е веќе стар, но стана еден од најфалените модели на компанијата во последните години.

И со добра причина, бидејќи неговиот V8 испраќа моќ на задните тркала обезбедувајќи незаборавно аналогно искуство.