РКЕ: Од полноќ намалена цена на безнините, дизелот со зголемена!
Со новата одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 21.09.2022 година
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 91,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,623 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 49,768 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,158% или за 26,250 $/тон, кај дизелот зголемување е во просек за 0,928% или за 9,000 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 0,834% или за 7,650 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 2,998% или за 16,850 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 61,8424 ден/$ и е за околу 0,762% повисок од курсот на доларот (61,3748 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.