Возачите неможеле да си веруваат на своите очи! Formula 1 на автопат?! / ВИДЕО
Ова не е прв пат мистериозниот автомобил да се појави во сообраќајот во Чешка, а сега откако повторно се појави видеото стана вирално
Возачите на чешкиот автопат имале можност да бидат сведоци на неверојатна сцена. Имено, покрај нив прошол црвен автомобил нелегален за редовен сообраќај, препознаен како Dallara GP2/08 во боите на Ferrari, се чини како посвета на Ferrari F2004 управуван од F1 суперѕвездата Михаел Шумахер во сезоната 2004 година.
Болидот го носи бројот 7, што веројатно се однесува на седумте светски титули на Шуми – последната постигната токму во 2004 година кога тој го возеше болидот F2004.
Така, овој очигледно огромен обожавател на Шумахер многу добро ја маскирал Dallara GP2/08 од 2008 година како Ferrari болид, придвижуван од 4.0 литарски атмосферски V8 мотор на Renault кој звучи многу слично на мотор од Formula 1.
Моторот достигнува околу 600 КС, менувачот е полуавтоматски секвенцијален и ја испраќа силата на задните тркала, па можете само да ги замислите перформансите на овој автомобил со тежина од само 688 килограми.
Сепак, ова не е прв пат овој мистериозен автомобил да се појави нелегално и целосно егзибиционистички во редовниот сообраќај во Чешка, поточно на автопатот D4 помеѓу Пребрам и Добриш во 2019 година, кога за прв пат е виден на патот.
Полицијата потоа побарала од јавноста да помогне во пронаоѓањето на возачот, но тој никогаш не бил идентификуван, иако полицијата му влегла во трага.
Имено, 45-годишниот осомничен избегнал казна благодарение на шлемот кој го криел неговиот идентитет како потврда на полицијата.
Un colgado ha metido un GP2 en una autopista de la República Checa. La policía no ha podido identificar al conductor y lo están buscando pic.twitter.com/gn4yWbV1rb
— uVe (@MigueluVe) August 14, 2022
Ако случајно полицијата дозналa за кого станува збор, лицето ќе се соочeлo со казна забрана за возење по јавни патишта во траење од една година и астрономска казна од неколку десетици илјади евра.
Без оглед на тоа, возачот сега повторно го облекол комбинезонот, ја ставил кацигата и се упатил во редовен сообраќај во чест на својот идол Шумахер…