Еден од најпознатите сообраќајни објекти наполни 50 години!
За да се ослободи простор за 12.655 тони конструкцискичелик и 175.000 тони бетон, урнати се 146 куќи
Веќе половина век, за петљата Gravelly Hill или попозната како Spaghetti Junction, има поделени мислењата. Отворена со многу пофалби на 24 мај 1972 година, ова сообраќајно здание е последниот дел од големиот инфраструктурен проект дизајниран да поврзе неколку главни рути (М1, М5 и М6) во срцето на новиот систем на автопати во Англија. Комплексната, слоевита бетонска и челична конструкција – чиј главен инженер е архитектот роден во Лондон, Еван Овен Вилијамс – ги споила националните и локалните (авто) патишта, доведувајќи го сообраќајот во градот Бирмингем преку автопатот Aston со повеќе ленти.
Инженерското чудо, имало цена за локалните заедници и животната средина. За да се направи простор за 12.655 тони конструкциски челик и 175.000 тони бетон, урнати се 146 куќи.
Рој Смит, известувач за Birmingham Evening Mail, ова здание во 1970-те го нарекол „Spaghetti Junction“, име по кое и ден денес ова сообраќајно здание е познато во светот.