Во дизајнот доминираат елементи на fastback, а поради издолжениот заден дел, должината е зголемена за цели 24 cm, па така C4 X има 460 cm

Врз основата на сегашниот C4, Citroën направи уште еден многу оригинално дизајниран автомобил кој не се вклопува во ниту една постоечка класа – автомобил со карактеристики на теренец, кросовер и фастбек.

Новиот модел ја носи ознаката C4 X, што јасно ја нагласува сродноста со компактот на Citroën, како и внатрешноста која практично се пренесува од него.

Во надворешниот дизајн претежно доминираат фастбек елементи, а поради издолжениот заден дел, должината е зголемена за цели 24 cm, па така C4 X има 460 cm. Меѓуоскиното растојание е идентично како кај C4, што значи дека нема повеќе простор внатре, но самиот C4 е многу попростран одзади. Значително пораснал багажниот простор кој собира 510 литри (380 во класичниот C4).

Французите ја нагласуваат и големата удобност на автомобилот благодарение на Advanced Comfort седиштата и суспензијата. 

Copyright Alex Rank @ Continental Productions

Палетата на мотори е речиси идентична со онаа кај класичниот C4. Основата е бензинскиот Pure Tech 1.2 мотор со три цилиндри и 102 КС кој доаѓа со 6-степен мануелен менувач. Помоќниот бензинец има ист број цилиндри и зафатнина но доаѓа со 131 КС и исклучиво со автоматик со осум степени на пренос.

Тука е и познатиот 1.5-литарски BlueHDi дизел со 131 КС кој исто така се нуди само со автоматски менувач. Ова е најбрзиот модел во понудата, кој оди до максимални 206 km/h и забрзува до 100 km/h за 9,5 секунди. Потрошувачката по WLTP е 4,6 до 4,7 литри додека бензинските верзии трошат околу литар повеќе.

Во понудата ќе има и електрична верзија позната од другите модели на групата Stellantis и од класичниот C4. Ќе доаѓа со капацитет на батерија од 50 kWh, мотор од 136 КС и автономија од 360 km. До 100 km/h забрзува за 9,7 секунди и има максимална брзина од 150 km/h. Максималната моќност на полнење е 100 kW.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1qb5KHyQdxlg7UubQon7moOrtOyvDIvMs” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Новиот модел ќе се произведува во фабриката Villaverde во Мадрид, а цените и датумот на почетокот на продажба не се објавени.