Дали знаете колку масло за јадење согоруваат дизелите секој ден?
Во моментов, на дизелот обично му се додава седум проценти производи од растителни масла. Бензинот обично се меша со пет до десет проценти биоетанол
Со првите денови од војната во Украина и најавената криза во снабдувањето со храна, започнаа и активности кои често ги гледаме во кризни ситуации. Купувачите обично се фаќаат за еден или два производи и ги купуваат како никогаш повеќе да нема да ги има. Кај нас особено популарно беше сончогледовото масло, па во некои шопинг колички можеа не толку одамна да се видат по дури четири, пет картонски кутии од ова „течно злато“, како да луѓето наутро ќе го консумираат наместо јогурт, за ручек наместо чаша вино, а за вечера наместо чај. Експертите предупредуваа дека нема потреба од трупање на залихи и дека ќе има доволно масло, но тоа не помогна. Но, Европа има уште еден проблем.
И покрај зголемените цени на храната, големи количини на репка за масло и сончогледово масло сè уште завршуваат во резервоарите за автомобили во ЕУ како биодизел. Организацијата Transport & Environment (T&E) проценува дека дневно се согоруваат 17.000 тони масло од репка и сончоглед, што е еквивалент на околу 19 милиони шишиња масло за јадење.
Вкупно 18 отсто од светските растителни масла се преработуваат во биогориво, кое исто така е погодно за консумирање. Потрошувачката е особено висока во Европа: според извештајот, 58 отсто од маслото од репка и 9 отсто од сончогледовото масло во последните пет години завршиле во резервоарите на автомобили и камиони. Големи количества соја и палмино масло, кои се важна основна храна во другите региони, исто така се преработуваат во биодизел, вклучувајќи 50 отсто од увезеното палмино масло и 32 отсто од маслото од соја.
Во моментов, на дизелот обично му се додава седум проценти производи од растителни масла. Бензинот обично се меша со пет до десет проценти биоетанол, кој обично се произведува од житарки и цвекло. Целта на овие мерки е да се намали билансот на CO₂. Во претходната студија, T&E пресметале дека 10.000 тони пченица во Европа се согоруваат во автомобилите на овој начин секој ден.
Клучното прашање е дали има смисла да се продолжи оваа практика на краток рок кога делови од светот (Африка, Азија…) се соочуваат со глад…