Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,82% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 23.06.2022 година

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за  1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 109,00 ден/лит и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува исто така 109,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 111,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 107,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,986 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 53,305 ден/кг

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,945% или за 12,750 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 1,174% или за 15,950 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 0,425 % или за 5,550 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 1,806% или за 11,600 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 58,6825 ден/$ и е за околу 0,35 % понизок од курсот на доларот (58,8889 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.