Новата Opel Astra достапна и за македонските клиенти / ФОТО
Новата Opel Astra е тука! Дизајнирана и произведена во Германија новата Astra ви дава гаранција дека ќе го добиете само најдоброто
Новата Opel Astra успеа да предизвика реакции и бројни позитивни коментари уште пред пристигнувањето. Сето тоа доведе до уште поголемо нетрпение кај потенцијалните клиенти и зголемен интерес за новиот модел. Сега откако македонскиот генерален увозник и дистрибутер за брендот Оpel, Еуроимпекс, и официјално ја претстави во салонот на Opel во Скопје, продажбата може да почне.
На настанот беа претставени 6 возила секој во различна верзија, боја, мотор и опременост. Промотивната жолта боја беше поставена во фокусот на импортерскиот салон, каде беа презентирани сите новитети и карактеристики на Новата Opel Astra.
„Сосема новата ASTRA….Зборува сама за себе. Дизајнирана, развиена и произведена во Германија. Новата ASTRA изгледа сега подобро (можеби и одлично). Со чист и смел дизајн… со интересен детаљ од својот славен предок Opel Kadett D“, рече на презентацијата, Драган Јовев, продукт менаџер за Opel.
А потоа ги нагласи сите елементи/новитети кај овој модел кои го прават возењето уште подобро:
- Со новата ASTRA се гледа подобро на пат со унапреденото INTELLI-LUX LED PIXCEL предно осветлување составено од 84 модули во само еден преден фар… дури 4 пати повеќе од ривалите
- Во новата ASTRA се дише подобро со INTELLI-AIR системот за автоматска размена на воздухот меѓу кабината и околината со негова филтрација со високо-ефикасниот филтер дури и против вируси
- Во новата ASTRA, внатрешното чувство е подобро со детоксификација до максимум од информациите кои го одвлекуваат вниманието на возачот на двата 10” дисплеи: Pure Panel или целосно застаклениот Pure Panel Pro
- Во новата Astra се седи подобро со AGR предните седишта (подесување на возачко седиште во 10-насоки опционално за почетното ниво, стандард од второто нагоре)… масажа на возачко седиште или вентилација на предните седишта
- Во новата Astra се вози дефинитивно подобро на третата еволуција на EMP2 V3 мултиенергетска платформа со 50% подобрени компоненти. Погонувана со докажаните мотори од Stellantis групација: турбо бензински 1.2 110ks и 1.2 130ks, вториот покрај 6 степен мануелен впарен и со 8-степен автоматски менувач…и дизел 1.5 со 130ks и АТ8. Денес, дополнително со plug-in hybrid-на технологија и вкупна хибридна снага од 180кс или 225кс …, а идната 2023 година целосно електрична.
Дизајнирана со прецизност и произведена во Германија новата Astra ву дава гаранција дека ќе го добиете само најдоброто. Нема потреба од компромиси за да добиете секојдневно возбудливо возење, стилски изглед, ниски трошоци и иновативна технологија.
Продажбата на новата Opel Astra во Македонија стартува со почетна цена од 21.700 еур.
Повеќе информации за моделот можат да се добијат во салонот на Opel во Скопје или на следниов линк, исто како и во сите дилерски салони на брендот.