BMW гради еколошки прифатлива фабрика во Унгарија
Германскиот автомобилски гигант BMW во текот на изминатата недела го постави камен-темелникот на новата фабрика во унгарскиот град Дебрецен.
Компанијата за оваа инвестиција одвоила една милијарда евра, а почетокот на производството на целосно електрични автомобили се очекува во 2025 година. Според нивните прогнози, ова ќе биде првата фабрика за автомобили во светот која ќе работи исклучиво на обновливи извори на енергија.
„Фабриката во Дебрецен ќе постави нови стандарди во целата автомобилска индустрија во областите на флексибилност, одржливост и дигитализација“, вели членот на управниот одбор на BMW, Милан Недељковиќ на поставувањето на камен-темелникот. Тој додава дека фабриката нема да користи нафта или природен гас, туку само обновливи извори на енергија, со што нивната фабрика во Дебрецен ќе биде прва во светот која нема да произведува емисии на јаглерод диоксид од возилата.
Најголем дел од потребната енергија ќе биде генерирана од соларни ќелии кои ќе бидат инсталирани во просторот на фабриката. Фабриката ќе вработи околу 1.000 луѓе, кои се очекува за една година да произведат до 150.000 целосно електрични автомобили.
Според Недељковиќ, новата фабрика ќе има клучна улога во преминот на компанијата кон електромобилност. Исто така, ќе помогне да се постигне целта за зголемување на производството и продажбата на нивните возила на три милиони до 2030 година.