
Mercedes и понатаму најпосакуван германски работодавец
Автомобилските и IT компаниите се меѓу најпосакуваните работодавци помеѓу германските апсолвенти, а Mercedes е на врвот на листата на најпосакувани работодавци, се вели во извештајот на консултантската компанија Trendence.
„Компаниите од автомобилската и IT индустријата се меѓу најпосакуваните работодавци кај апсолвентите од германските економски и инженерски факултети. Mercedes се издвојува како најпосакуван работодавач, исто како и минатата година“, наведува консултантската компанија Trendence од Берлин. На второ место е Apple.
Секоја година оваа консултантска куќа спроведува анкета меѓу студентите од завршните години на 44 германски универзитети за Manager Magazin.
Меѓу најпосакуваните работодавци во автомобилската индустрија се BMW, Audi, Porsche и Tesla, која годинава отвори фабрика во близина на Берлин.
Меѓу аспектите кои се важни за апсолвентите при изборот на работа е на прво место висината на платата, потоа можноста за напредување, работното време и работната средина.
Прашањето за статусот и престижот е важно за секој втор апсолвент при изборот на работа.