И полицијата се прашува… Кој би го скршил ретко Ferrari SF90 вредно 530.000 евра и би побегнал?
Со оглед на тоа дека нема многу такви Ferrari модели, лесно ќе се дознае сопственикот, но кој возел можеби и не …
Полицијата започнала потрага по возачот на Ferrari SF90 од 530.000 евра, кој избега откако удрил во пет паркирани автомобили во Бирмингем, Велика Британија.
На фотографиите е тешко оштетениот Ferrari SF90 Stradale, а тоа е најмоќното сериско Ferrari со 1.000 КС кое го возат, на пример, Мате Римац и Златан Ибрахимовиќ.
Италијанскиот хибриден супер спортист, кој може да извлече и до 330 km/h, бил пронајден „забоден“ во паркирани автомобили, а случајно или не сведоци нема, информираат од противпожарната служба. Сега полицијата се обидува да го лоцира возачот.
На сликите се гледа колку е огромна штетата.
RTC Hagley Road, Halesowen- White Watch attended. Please be careful when out and about pic.twitter.com/8xog41xC9C
— Haden Cross Fire Station (@WMFSHadenCross) May 25, 2022
Се верува дека никој не е повреден во судирот што се случил на патот Хагли во Халесовен, мирно предградие на Бирмингем.
„Истражуваме што се случило и кој управувал со црвеното Ferrari кое удрило во неколку паркирани автомобили на патот Хејгли“, вели портпаролот на полицијата во Вест Мидлендс. „Ја пребаравме областа и разговаравме со голем број сведоци, но не успеавме да го лоцираме возачот, автомобилот беше одземен, а нашата работа на идентификација и потрага по возачот е во тек“, вели тој додавајќи: „Секој што има информации може да испрати порака или да се согласи на разговор во живо. Може и со јавување на 101.
Противпожарната станица Хаден Крос сподели слики на Twitter, а потрагата по возачот како и утврдувањето на сопственоста продолжува …
Всушност, неверојатно е некој да скршил толку скап автомобил и да си заминал. Неофицијално сомнежите се или за неуспешен обид за кражба, или дека возачот бил под дејство на опијати, па едноставно се оддалечил од местото на настанот.