Налетите на камиони генерално не завршуваат добро за послабата страна, а кога се во прашање два камиони, шансите за преживување се мерат во промили

Видео од надзорна камера покажува една таква несреќа, во која учествувала малата Honda Jazz. Возачот на Honda стои на патот и држи пристојна дистанца од камионот-миксер напред. Во еден момент налетува друг камион и Honda-та буквално останува згмечена помеѓу двата камиона.

Погодувате, од автомобилот малку што останува, но сепак доволно возачот да излезе без сериозни повреди. Се шпекулира дека животот му го спасила далечината, но уште повеќе тоа што конструкцијата на камионот напред е таква што има доволно слободен простор под кој Honda-та се вовлекла и собрала како празна лименка.