Не е невообичаено возачите да ги мешаат педалите за сопирање и гас. Всушност ова е причина за приближно 16.000 сообраќајни несреќи во САД годишно

Овој возач на Tesla Model 3 сигурно имал многу лош ден, но ќе бил и полош ако не запрел на 1 сантиметар од „запливување“ во вода во Харбор Дана Поинт, Калифорнија.

Според објавата на социјалните мрежи од канцеларијата на шерифот на округот Оринџ возачот на Model 3 при паркирање случајно стиснал на педалата за гас наместо на сопирачката. Со оглед на моќта и вртежниот момент на Model 3 поради неговиот електричен погон, возачот едноставно немал време да ја поправи својата грешка и неговата Tesla тргнала преку карпите што водело до работ на карпестиот брег. 

Останува непознато колкава штета претрпел автомобилот, но веруваме дека подвозјето е тотално уништено со оглед на големината на овие карпи. Освен тоа, може да се замисли какво оштетување претрпела батеријата. Како и да е, поправката сигурно ќе чини многу

Не е невообичаено возачите да ги мешаат педалите за сопирање и гас. Всушност ова е причина за приближно 16.000 сообраќајни несреќи во САД годишно, според Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата.