Германија ја намалува својата зависност од руската нафта, а намалувањето на брзината на автопатите може да има брз ефект

Руската инвазија на Украина повторно ја оживеа вечната тема во Германија – ограничувањето на брзината на автопат. Граѓаните, политичарите и еколошкото здружение Greenpeace, кое бара ограничување на брзината од 100 km/h на автопатиштата, неодамна дадоа свое мислење!

Викендов, лидерката на Зелената партија Рикарда Ланг го повика германскиот министер за транспорт на привремено ограничување на брзината, објаснувајќи дека тоа е мерка што ќе има брз ефект. 

„Ни треба итно привремено ограничување на брзината на автопатиштата – на пример на девет месеци, а во тој период треба да станеме независни од руската нафта“.

На одговор од министерот за транспорт Волкер Висинг не се чекаше долго.

Во интервју за Hamburger Morgenpost, Висинг истакнува дека ограничувањето на брзината во Германија нема смисла бидејќи во моментов е невозможно.

„Ограничувањето на брзината на целата Autobahn мрежа би предизвикало големи логистички проблеми. Според тој предлог, тоа би било привремено ограничување кое мислам дека нема смисла. Само поставувањето на знаци моментално е невозможно бидејќи немаме ни доволно знаци на залиха. И откако ќе ги постават, по три-шест… месеци треба да ги отстранат. Да бидеме појасни, во моментов не планираме да ја ограничиме брзината на автопатиштата“, вели Висинг.