Во болница се пренесени три лица, возачот и двајца сопатници, за среќа без посериозни повреди

Проблемите со автопилотот на Tesla не се реткост. По бројните бизарни случаи, минатата среда во Сан Диего се случил нов инцидент. Tesla Model 3 слетал од паркинг на амбулантно возило! Но, за разлика од претходните несреќи, овојпат не е виновен автопилотот, туку возачот кој наместо на сопирачката стиснал на педалата за гас. Значи, ова е исклучиво човечка грешка.

За среќа во моментот на несреќата немало никој во амбулантното возило.

Во болница се пренесени три лица, возачот и двајца сопатници, за среќа без посериозни повреди. Но доколку амбулантното возило не било таму каде што било, за да го ублажи ударот, несреќата можела да заврши и трагично.