Како што познато, Škoda се откажа од враќањето на Fabia RS, поради што спортски најизразен пример на чешката марка од сегментот Б ќе биде варијантата Monte Carlo

 

Четвртата генерација на Fabia нема да понуди ниту караван варијанта, така да Monte Carlo го затвора портфолиото. Како што е случајот со претходните модели во Monte Carlo спецификација, ажурирањата се сведени главно на козметички.

Промените започнуваат со надворешноста, каде што Škoda примени различни црни акценти, забележливи на предната маска и „здолништето“, додека облогите на ретровизорите и страничните прагови се направени во слична темна завршница. Назад, лажен дифузор и големиот натпис „ŠKODA“ го прифаќаат истиот црн стил. Двобојниот изглед е заокружен со контрастниот црн покрив, кој се протега до А столбовите и задниот спојлер.

Дијаметарот на бандажите започнува од 16 инчи, но може да се нарачаат и единици од 17 инчи. И двете варијанти имаат отстралив пластичен трим кој помага да се намали отпорот на воздухот на 0,28. Оваа импресивна вредност се постигнува и со помош на активната предна решетка со прилагодливи прегради. Оние кои сакаат да ја жртвуваат удобноста на сметка на добриот изглед, можат да изберат дури и 18-инчни тркала.

Внатрешноста во голема мера е префрлена од пониско позициониранта Fabia, но со стандардни спортски седишта и бројни црвени акценти. Има и лажни карбон влакна на контролната табла и тапацирот на вратите, заедно со бели шевови кои ги прават работите попривлечни.

LED амбиенталното светло е стандардно кај моделот Monte Carlo, додека за 10,25-инчен дигитален кластер за инструменти мора да се плати.

Целосните спецификации вклучуваат сабвуфер во багажникот, пет USB-C порти, безжично полнење и 9,2-инчен инфозабавен систем со 64GB SSD за складирање на мапи за навигација. Škoda ја продава Fabia Monte Carlo со до девет воздушни перничиња и автоматски темпомат кој работи до брзина од 210 km/h.

Иако е означена како „најспортската“ Fabia, Monte Carlo се продава со обични мотори. Тоа значи дека ovaa Fabia може да ja добиете со bazniot 1.0-литарски атмосферски мотор со 3-цилиндри со „моќни“ 80 КС и 93 Nm, кои се испраќаат до предните тркала преку петстепен мануелен менувач. Потребни се 15,5 секунди за забрзување до 100 km/h и максимална брзина од 179 km/h.

Следен е и 1.0-литарскиот агрегат, но со турбо полнач, кој испорачува 95 КС и 175 Nm. Со овој 3-цилиндерски мотор Fabia Monte Carlo до 100 km/h забрзува за 10,6 секунди преку петстепен мануелен менувач и може да забрза до максимални 193 km/h.

Помоќната конфигурација 1.0 TSI EVO отклучува 110 КС и 200 Nm, со избор на 6-степен мануелен или 7-степен DSG менувач. Верзијата со три педали забрзува од место до 100 km/h за 10 секунди, додека еквивалентот DSG е побрз за десетинки од секундата. И двата модели можат да достигнат максимална брзина од 205 km/h.

Секако, моторот кој најмногу и прилега на Fabia Monte Carlo е поголемиот, 4-цилиндерски мотор со зафатнина од 1,5 литри со 150 КС и 250 Nm. Достапен исклучиво со DSG, со него до 100 km/h се забрзува за 8 секунди и може да достигне респектабилни 240 km/h.

Продажбата на Fabia Monte Carlo во Европа ќе започне подоцна оваа година.