Во салонот на Kia Motors Македонија, официјално беше претставена новата петта генерација на популарниот кросовер модел Sportage 

Новата генерација на особено популарниот кросовер во Македонија, специјално подготвен за вкусот и барањата на европските клиенти пристигнува со променет дизајн, пократко меѓуоскино растојание споредено со глобалната верзија, а тука се и новите мотори, менувачи и технологии на Kia.

Во споредба со кросоверот кој е во заминување, меѓуоскиното растојание на новитетот е сепак поголемо. За волја на вистината, тоа е само еден сантиметар, додека во глобалната верзија, зголемувањето во милиметри е помеѓу оските и е изразено со бројката 85. Како и да е, европскиот Sportage има 2.680 mm помеѓу предната и задната оска.

Должината на европскиот теренец е 4.515 mm, додека порано беше на ниво од 4.485 mm. Да потсетиме, глобалната верзија е долга 4.660 mm. Исто така, со доаѓањето на новата верзија, Sportage станал за еден сантиметар поширок и исто толку висок. Сега е широк 1.865 mm и висок 1.645 mm.

Уште на прв поглед на надворешноста, особено голем впечаток остава модерната интерпретација на Tiger Nose решетката која е опкружена од карактеристични LED дневни светла, а најпрестижните изданија ќе можат да се пофалат со примена на Мatriх технологијa.

Клиентите ќе можат да изберат бандажи со големина од 17, 18 или 19 инчи во дијаметар, а за првпат ќе може да се доплати дополнително за покрив што би бил обоен во црно. 

Внатрешниот дизајн на Sportage не се разликува кога станува збор за глобалната или европската верзија. Единствената разлика се однесува на фактот дека вториот ред е поблиску до предните тркала во европската варијанта отколку кај глобалната, бидејќи самото возило е пократко. Обемот на багажникот во европскиот Kia Sportage е на ниво од 591 литри, додека во глобалното издание оваа бројка е на ниво од 637 литри. Како и да е, тоа е стотина литри повеќе отколку кај претходникот. 

Потпирачот за грб на задната клупа е поделен на три дела, во сооднос 40:20:40. Има уште еден необичен детал во кабината, а се однесува на потпирачот за глава на предните седишта. Имено, тие се искористени за да служат и за закачување на гардероба на задниот дел од предните седишта.

За македонските клиенти се достапни четири нивоа на опременост: Reference 1, Reference 2, Reference 3 и GT-Line кои се прилагодени според потребите на купувачите. Вообичаено, при претставување на нова генерација на некој од моделите на Kia на македонскиот пазар, новиот Sportage на почетокот ќе се нуди во посебно издание наречено First Edition со акциска цена. Kia Sportage First Edition, со T-GDI турбо-бензинец, погон на предните тркала, мануелен менувач и богата опрема, стартува од 24.900 евра.

Генерално, кога станува збор за гамата на мотори и тука има новини. Основниот бензинец (1.6-литарски T-GDI турбо) доаѓа со две нивоа на моќност од 150 и 180 КС, а дизелот (1.6-литарски CRDi турбо) со 115 или 136 КС. Основниот бензинец доаѓа со погон на предните тркала и мануелен менувач, додека помоќниот може да се добие со погон на предните или на сите четири тркала и во комбинација со 7-брзински DCT автоматски менувач со двојна спојка. Кога станува збор за менувачот и погонот, истото се однесува и за дизел верзијата.

За повеќе информации околу останатите верзии на новиот Sportage, посетете го продажниот салон на Kia, или официјалниот веб-сајт на Kia Motors Македонија.