Како едно мирно возење низ центарот на Балтимор може да се претвори во необичен инцидент за било кој возач на автомобил…

Имено, камера сместена во автомобилот снимила пешак кој намерно се фрла пред автомобилот, поточно на хаубата, се со цел подоцна да извлече пари од осигурителната компанија.

Секако, неговиот план пропаднал, бидејќи на видеото повеќе од добро се гледа како намерно го предизвикал инцидентот, но доколку возачот немал автомобил опремен со камера, би бил во прилично непријатна ситуација.

Како изгледало сето тоа во пракса погледнете во приложеното видео…