Датумот 6 февруари 1911 година го означува официјалниот роденден на она што веројатно со годините стана можеби најпрестижна и најпозната декорација на хаубата во историјата на автомобилите

Се разбира, Rolls-Royce Spirit of Ecstasy не е само украс за хаубата – тој е олицетворение на напредната елеганција на познатиот британски бренд. Сега ја доби и својата нова верзија за целосно електрична иднина.

Обожавателите на брендот Rolls-Royce не мора да се грижат бидејќи модерниот Spirit of Ecstasy сè уште лесно се препознава како позната фигура која ги краси луксузните модели повеќе од еден век. Крилата (фустан на женска фигурина) и понатаму каскадно излегуваат со ветерот. Позицијата на фигурината е сè уште цврста, свртена напред со блескава завршница.

Меѓутоа, кога ќе погледнете внимателно, може да се забележи дека овој Spirit of Ecstasy не стои исправен како порано. Наместо тоа, фигурата е клекната со свиткани нозе, едната малку понапред. Телото сега агресивно се наведнува напред, создавајќи го она што Rolls-Royce го нарекува „вистинска божица на брзината“.

Практичниот аспект на овие промени е подобра аеродинамика. Новата фигура е малку пократка, а обликот треба да обезбеди помал отпор на ветрот. Ова е важно кога станува збор за електричните возила, каде што ќе се користи овој нов Spirit of Ecstasy. Дотерувањето дури и на најмалите детали за помал отпор на ветер значи подобар опсег на возилата, а од Rolls-Royce велат дека претстониот Spectre EV веќе има коефициент на отпор од само 0,26.