Formula 1: Договорот со ГН на Сингапур продолжен за седум години
Formula 1 го продолжи договорот со организаторите на Големата награда на Сингапур. Според договорот, трките од најпрестижната тркачка серија на патеката Марина Беј ќе се одржуваат најмалку до 2028 година
Трката за Големата награда на Сингапур првпат се одржа во 2008 година и беше редовен дел од календарот на Formula 1, до избувнувањето на пандемијата со Ковид-19, што беше за откажување на трките во 2020 и 2021 година. Оваа година трката се враќа во календарот, од 30 септември до 2 октомври, кога ќе се вози 18-та трка во сезоната, а вкупно 13-то ГП на Сингапур.
Но, организаторите на таа трка не застануваат тука. Singapore GP и Singapore Tourism Board потпишаа продолжување на договорот со Formula 1, обезбедувајќи одржување на трки до 2028 година.
„Воодушевен сум затоа што Formula 1 ќе продолжи со тркање во Сингапур уште седум години“, вели извршниот директор на Formula 1, Стефано Доменикали. „Marina Bay Street Track беше домаќин на првата ноќна трка во историјата на Formula 1 во 2008 година, а Сингапур продолжи да ги воодушевува навивачите, тимовите и возачите. Сингапур има посебно место во календарот на Formula 1, а ова продолжување на договорот е дел од нашата долгорочна посветеност на развојот на спортот во Азија“.
Организаторите, пак, ветија дека ќе направат транзиција кон самоодржливи бизнис модели на Сингапур Гран При, со акцент на намалување на CO2 отисокот. Со тоа тие сакаат да одат рака под рака со целите за самоодржливост за кои се залага Formula 1.
„Плановите за намалување на јаглеродниот отисок на овој настан се импресивни и се совпаѓаат со нашите планови да станеме „Net Zero Carbon“ како спорт до 2030 година. Со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата успешна соработка со ГП на Сингапур и туристичката заедница за враќање на Formula 1 во овој неверојатен град“, вели Доменикали.