Дали BMW ги гаси Серија 4 и Серија 8, и ги менува со еден модел?!
Новите гласини сугерираат дека BMW наскоро ќе ги повлече „четворката“ и „осумката“ и дека ќе ги замени со еден автомобил, Серија 6!
Според австралискиот портал WhichCar, BMW е решен да ги испрати двата модели во историјата по актуелната генерација. Во суштина, побарувачката за купе и кабриолет модели се намалува на глобално ниво од година во година, така што оваа низа на настани е сосема можна.
Понатаму, порталот тврди дека баварската марка двете возила ќе ги замени со еден автомобил. Станува збор за Серија 6, модел кој веќе некое време го нема во традиционалното купе издание во портфолиото на германската марка, иако има прилично славно минато. „Шестката“ денес е достапна во GT варијантата, иако ова е крајно неубедлив автомобил.
Австралијците тврдат дека промената на генерацијата ќе се случи во 2026 година, но тие изнесуваат уште еден факт. Иако нема информации за 4-Series Gran Coupe, тие наведуваат дека „осумката“ во издание Gran Coupe ќе го „промени тимот“, и дека во следната генерација ќе биде вклучена во портфолиото на Серија 7.
Се разбира, BMW не дава никакви официјални информации за иднината на овие возила, па сè е, барем засега, во доменот на шпекулации…