Видео кое не е препорачливо за оние со слабо срце

Видео со прилично храбар, ма слободно може да се каже луд и безумен маневар кое соборува рекорди на YouTube (веќе над 30 милиони). Снимено е на тесен пат во Кина, каде што возачот на миниванот Baojun 360 прави нешто наизглед невозможно.

Возачот успешно успева да го сврти автомобилот во спротивна насока, на многу тесен пат на голема надморска височина. Маневарот навистина е изведен со исклучителна прецизност, на моменти едно од тркалата виси над провалијата и се чини дека миниванот во секој момент ќе преврти и падне во неа

Видеото трае минута и половина, докажувајќи две работи – возачот очигледно е многу вешт и таков маневар на толку опасно место е сосема можен. Секако, коментарите се разновидни. повеќето корисници се восхитуваат на постапките на возачот и му честитаат на храброста, забележувајќи дека тој не го запрел автомобилот ниту за момент (очигледно е дека не му е прв пат). Оние другите пак се на мислење дека изведбата е целосно бесмислена и опасна, бидејќи возачот лесно можел да избере посоодветно место за извршување на маневарот.