Како Норвешка дојде до 90% продажба на електрифицирани возила?
Во текот на 2021 година, само еден од десет продадени автомобили во Норвешка немал барем делумно електричен погон – две третини биле батериски модели! А пред само десет години на пазарот владееја дизели. Како и зошто?
Норвешка со години е светски лидер во прифаќањето електрични и електрифицирани автомобили, и покрај студената клима (која влијае на употребливиот капацитет на батериите) и огромните владини приходи од екстракција на нафта.
Пред само десет години во оваа нордиска земја 75% од продажбата на нови возила се однесувала на дизели, а денес се продаваат нешто повеќе од 2%. Ова поместување, иако подрастично, е во согласност со европските трендови.
Но, ако ја погледнеме продажбата на електрични модели, можеме да забележиме брз раст во последните години, кој не е забележан никаде на друго место. Што, доведе до него, и како може да се преслика во други земји? Некои одговори нуди британскиот Guardian.
Сплет на околности и пари
Првата околност што ја стави Норвешка во поволна позиција е нејзиното богатство. Националниот буџет со децениии се полни со пари од продажба на нафта, а оние што се на власт вишокот го инвестираат во посебен фонд кој може да поттикне развој на нови технологии или други иницијативи. Стандардот на живеење е исто така исклучително висок, па повеќе жители можат да си дозволат поскап автомобил. Но, тоа е далеку од целосната приказна.
Друг фактор во прифаќањето на електрификацијата на возилата е јавното расположение. Како такво, по малку бизарно, уште во 1990-тите години го има започнато пејачот на бендот А-Ха, Мортен Харкет, кога својата Fiat Panda ја опремил со електричен мотор и се возел спротивно на сите правила. Не плаќал паркинг, патарини и казни, наведувајќи дека не ја загадува околината.
Поради избегнување на казните, оваа Panda повеќепати била конфискувана од полицијата, нудена на аукција и секој пат Харкет ја откупувал и продолжувал со граѓанската непослушност. Ова на крајот доведува до тоа властите да ги ослободат сопствениците на електрични возила од бројни такси и патарини, првенствено поврзани со фосилните горива и загадувањето.
I doubt there are many outside of Norway that know that the Norwegian pop group A-ha was critical in the introduction of electric car incentives in Norway. I certainly didn't. Read on… pic.twitter.com/41PdATJ0rS
— Robbie Andrew (@robbie_andrew) January 9, 2021
Значајна улога на државата
И тогаш државата стапува на сцена. На почетокот на векот, 25% ДДВ на увезените електрични возила, таксите за регистрација, патарините, таксите за паркирање постепено се укинуваа, а на крајот на сопствениците на електрични возила им беше дозволено да возат по посебни сообраќајни ленти за автобуси. Државата инвестирала и во 16.000 јавни полначници. Сето ова испрати јасна порака до јавноста – до 2025 година сега е речиси сигурно дека Норвешка ќе стане првата земја во светот со 100% удел на нови електрифицирани возила во продажба.
Во контекст – во 2021 година, уделот на батериските електрични автомобили во продажбата беше 67%, plug-in хибридите достигна дополнителни 23%, а најпродаван автомобил беше Tesla Model 3 со над 12.000 единици.