Луѓето денес се подготвени да направат некои луди работи само за да добијат кли повеќе на социјалните мрежи, а во истата насока оди и ова видео

Финецот Туомас Катаинен бил незадоволен поради дефектите на неговата Tesla Model S од 2013 година. Ја одшлепал до сервисниот центар на Tesla, каде било констатирано дека на автомобилот му е потребна нова батерија, која корисникот ќе го чини 20.000 евра. Но Катаинен одлучил да не го сервисира автомобилот, туку да го крене во воздух, буквално. Го обложиле со 30 килограми динамит и во автомобилот ставил кукла со ликот на Илон Маск, а потоа го активирал експлозивот.

Не е познато дали сето тоа го направил од лутина или од очекување дека може да заработи доволно со едно такво видео за да купи нов автомобил, но само името на каналот (Pommijätkät или на англиски Bomb Dudes) сугерира дека судбината на оваа Tesla била зацементирана уште пред посетата на сервисот

Видеото веќе има над 1,4 милиони прегледи, а можете да го погледнете во продолжение. Вреди да се погледне.