Месец дена по премиерата на SEMA Show, оваа уникатна Tesla веќе може да се види на патиштата.

Електричните автомобили имаат голем број на предности во однос на класичните возила напојувани од фосилни горива, но во еден поглед тие едноставно не можат да се натпреваруваат. И покрај вештачки генерираниот звук, сè што досега е понудено е далеку од звукот на вистински V8 мотор.

Токму затоа, извесен Рич Беноа затоа решил да ја „исправи“ работата и да направи нешто сосема неочекувано и лудо. Тој одлучил да го редизајнира Model S на Tesla и во него да вгради V8 мотор.

Се разбира, тој не бил толку луд за да експериментира со целосно исправен автомобил, па затоа на аукција го купил овој Model S чиј електромоторсо бил оштетен во големите поплави. И тогаш започнала подготовката и макотрпниот процес на инсталирање на голем број механички компоненти, вклучувајќи го и V8 моторот од Chevrolet Camaro.

Автомобилот својата премиера ја имаше на саемот SEMA на почетокот на ноември, а сега за прв пат можеме да го видиме и во сообраќај. Интересно е што внатрешноста останала речиси недопрена. Внесен е секвенцијален менувач и екран за испис на суштинските информации. Остатокот е потпишан од Tesla и е целосно оперативен.

Tesla Model S од кој V8 дефинитивно „бруи“ сигурно нема да им се допадне на фановите на американскиот бренд, но секако е интересен проект кој покажува дека денес се е возможно, па дури и една Tesla да заврши на бензинска пумпа, но и во сервис на Chevrolet.